Ahmet Gürhan Kartal
02 Декември 2017•Ажурирај: 03 Декември 2017
ЛОНДОН (АА) - Најголемиот синџир на ресторани за брза храна во светот, Мекдоналдс (McDonald’s) упати извинување по објавено видео на социјалната мрежа Твитер на 19 годишна муслиманка на која не и е дозволен влез во ресторанот поради тоа што носи хиџаб, јавува Anadolu Agency (AA).
На видео снимката објавена од страна на пријателка на девојката на која што не и беше дозволен влезот се гледа како чуварот на ресторанот и вели на муслиманката да го тргне нејзиниот хиџаб.
Таа одбива и го зема телефонот да го снима инцидентот кој се случи во северниот дел на Лондон во ресторан на патот Седум сестри во подрачјето Холовеј.
На кратката видео снимка се гледа како чуварот постојано и вели да ја тргне марамата и не и дозволува да влезе во ресторанот.
Таа го прашува чуварот зошто не може да влезе во ресторанот а тој и вели дека само треба да ја отстрани марамата.
Видеото продолжува со нејзиниот одговор.
„Не може да се работи за такво нешто. Јас го носам ова од религиозни причини и не се срамам од тоа. Ќе стојам во ред и ќе ја добијам храната која ја сакам, затоа што ова не е во ред“, вели таа.
„Мене ми се случи она што им се случува и на многу други девојки со хиџаб“, изјави таа за весникот Гардијан.
„Не изгледаше реално затоа што сум гледала многу видео снимки како оваа и конечно ми се случуваше мене во реалниот живот. Бев во неверување“, раскажа таа.
„Пријателката која беше со мене беше шокирана и исплашена, и рече дека ова е ризична ситуација. Кога сето ова се заврши, ксфатив како ваквите ситуации можат да станат опасни. Ова не е работа која се случува само еднаш“, вели девојката.
„Мекдоналдс нема воспоставено политика која го ограничува или спречува негоко кој носи хиџаб, или било која друга религиозна облека, да влезе во некој од неговите ресторани“, вели портпаролката на синџирот ресторани.
Портпаролката упати извинување до девојката со хиџаб на којашто не и бил дозволен влез во Мекдоналдс, и рече: „Добредојдени се сите гости од различни вери и би сакала да се извинам на нашата гостинка за ваквата ситуација која не требаше да се случи.“
Исто така, таа нагласи дека овој случај го сметаат за крајно сериозен и додаде дека ќе го решат со лицата инволвирани во него.