Alaattin Doğru,Saadet Firdevs Aparı
21 Јули 2022•Ажурирај: 22 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Во Европа продолжува да се зголемува бројката на смртни случаи предизвикани од топлотниот бран, особено во Шпанија и Португалија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објавија меѓународните медиуми, температурите во многу делови од европскиот континент изминатите неколку дена се движат над 40 степени.
Додека поради горештините нивото на алармантност е подигнато во Шпанија, Португалија и Франција, властите ја предупредуваат јавноста на внимателност.
Според податоците што ги објави шпанската Агенција за метеорологија (AEMET), во оваа земја во последните 10 дена животот го загубиле 678 лица од летните горештини.
Во Португалија во периодот од 7 до 18 јули од исти причини животот го загубија 1.065 лица. На овој начин само во две европски земји во период од 10 дена животот го загубија повеќе од 1.700 лица.
Во соопштението што вчера го објави Министерството за здравство на Франција, се наведува дека два смртни случаи за време на работа во подрачјата на Бретања и Окситанија би можело да се поврзани со екстремните горештини.
На 19 јули, во Велика Британија каде што за првпат температурата надмина 40 степени, што е највисока измерена температура во историјата на земјата, 13 лица ги загубија животите влегувајќи во вода со цел да се разладат.