Fatih Hafız Mehmet
18 Декември 2018•Ажурирај: 19 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Вкупно 4.476 лица ги загубија своите животи на миграциските рути низ светот во 2018 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот објавен денес, на Меѓународниот ден на мигрантите, Меѓународната организација за миграции (ИОМ) истакнува дека стотици илјади луѓе продолжуваат со мигрирање од своите татковини за да избегаат од конфликти, од лошите економски услови или од политички притисоци.
Според податоците на организацијата, 2.217 смртни случаи, односно околу половина од вкупните жртви оваа година се случиле во Медитеранот.

Во 2018 година, најмалку 135.000 луѓе мигрирале во Европа поради неколку причини - војна, во потрага по подобар живот, природни катастрофи и политички притисок.
Мигрантите кои пристигнале во Европа биле претежно од Сирија, Тунис, Еритреја, Пакистан, Ирак, Конго, Авганистан, Мароко и Мали.
Стотици илјади луѓе се обиделе да мигрираат во САД и Канада од Јужна и Централна Америка поради глад, насилства и политички притисок.
Според податоците на Царината и граничната полиција на САД, во 2018 година за влез во земјата на илегален начин биле спречени околу 400.000 лица.