Haydar Hadi
23 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
БАГДАД (АА) - Од почетокот на операцијата за ослободување на Мосул од терористите на ДЕАШ, од овој ирачки град побегнаа речиси 71.000 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирачкиот министер за миграции Џасим ал-Џаф потврди дека од 17 октомври до денес, овој ирачки град го напуштија 71.119 цивили. Според неговите зборови, цивилите се принудени да најдат засолниште на некои побезбедни подрачја.
Министерот Џаф истакна дека на подрачјата што се ослободени од терористите на ДЕАШ се вратиле 9.053 цивили и дека ќе изградат нови кампови за оние што ги напуштаат јужните делови на Мосул.
Мосулските бегалци главно се згрижени во камповите што ирачките власти ги подигаат во градовите источно од Мосул.
Комесаријатот на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) претходно предупреди дека поради судирите, од Мосул би можеле да побегнат повеќе од милион цивили кои моментално живеат во тој град, кој од летото 2014 година го контролираат терористите на ДЕАШ.