Sayed Khodaberdi Sadat
09 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
КАБУЛ (АА) - Шест полицајци загинаа во нападот извршен врз полициска станица во авганистанската покраина, Сар-и Пул, од страна на талибанците, јавува Anadolu Agency (AA).
Еседула Хабиби, полициски началник во Сар-и Пул, соопшти дека припадниците на оваа организација извршиле напад со ласерско водено оружје врз полициската станица во населеното место Саид Абад.
Хабиби истакна дека во нападот животот го загубиле шестмина полицајци, додека тројца полицајци се повредени.
Информирајќи дека по нападот, на местото на настанот е упатено засилување, Хабиби истакна дека припадниците на оваа организација се повлекле.
Од друга страна, во соопштението издадено од талибанците се тврди дека по нападот е преземена контрола врз таа полициска станица.