Gamze Türkoğlu Oğuz
30 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - На пакистанско-авганистанската граница, беспилотно летало за коешто се претпоставува дека им припаѓа на американските воени сили, изврши напад во којшто се убиени тројца милитанти, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставници на пакистанската разузнавачка служба соопштија дека утрово, во подрачјето на племето Курам, беспилотно летало испукало два проектила врз кампусот на Абдур Рашид, кој е дел од раководниот кадар на организацијата Хакани.
Нападот е извршен во подрачјето на планината Пешо Гар и притоа се убиени тројца милитанти, но не е познато дали Рашид се наоѓал во подрачјето.
Пакистанската Влада и организацијата Хакани не дадоа изјави во врска со настанот.