Esma Ben Said
18 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
ДИЗЕЛДОРФ (AA) - Најмалку едно лице е убиено, а едно е повредено во нападот со нож во германскиот град Вупертал-Елберфелд, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека трага по осомничените.
Германските медиуми наведуваат дека сеуште не е познат мотивот на нападот.
Овој напад се случи непосредно по нападот со нож во градот Турку во Финска и ден по нападот во Шпанија.