Mustafa Orhan
18 Август 2017•Ажурирај: 19 Август 2017
ХЕЛСИНКИ (AA) - Началникот на полицијата Сепо Колехмаинен потврди дека е уапсен напаѓачот кој со нож го извел нападот на пазарот во градот Турку во Финска, јавува Anadolu Agency (AA).
Колехмаинен на конференцијата за медиумите истакна дека напаѓачот, чиишто идентитет не е откриен, е ранет во нога после што е уапсен.
Истакна дека во оваа фаза не се води истрага за можноста од терористички напад.
Потврдено е дека во нападот загина едно лице, а осум се повредени.
Истакна дека изборите од Универзитетската болниза во Турку потврдиле дека во болница се донесени 9 лица, од кои едно починало, а три се во тешка состојба.
Министерката за внатрешни работи Паула Рисикко изјави дека по нападот ширум земјата се зголемени безбедносните мерки, додавајќи дека во наредните денови на улиците ќе бидат ангажирани многу припадници на полицијата.
Нагласи дека се преземени дополнителни мерки на аеродромите, железничките станици и границите во таа земја.
Додаде дека е во тек истрагата за нападот, не прецизирајќи можен мотив на напаѓачот.
Градот Турку се наоѓа на околу 160 километри западно од главниот град Хелсинки.