Tayfun Salcı
15 Август 2019•Ажурирај: 18 Август 2019
ЛОНДОН (АА) - Едно лице е нападнато со нож пред Министерството за внатрешни работи на Велика Британија, јавува Anadolu Agency (AA).
Британската полиција соопшти дека во 13:06 часот по локално време имало дојава за лице со нож пред зградата на Министерството за внатрешни работи на улицата „Маршам“ во Лондон.
Полициските екипи кои пристигнале на местото на настанот, нашле едно лице повредено со нож. Според полицијата, повредениот не е во животна опасност.
Во соопштението на полицијата нема информации за тоа дали нападот е поврзан со тероризам, но се наведува дека во врска со инцидентот приведено е едно лице.