Ekipa
23 Септември 2019•Ажурирај: 23 Септември 2019
ИДЛИБ (АА) – Еден цивил го загуби својот живот, а тројца се повредени при копнените напади на режимот на Башар ал Асад со топови, ракети и минофрлачи во јужниот дел на сириски Идлиб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Режимските сили, синоќа, во доцните часови, од копно со топови, ракети и минофрлачи ги нападнаа селата Маритхирме, Ет Тух, Хас и Кефер Авид.
Според информациите добиени од Цивилната заштита на Идлиб (Бели шлемови), во синоќешните напади на режимот врз селото Кефер Авид еден цивил го загубил својот живот, а тројца цивили се повредени.
Повеќе од 20 цивили се убиени во воздушните и копнените напади од страна на режимот на Асад и неговиот поддржувач, Русија, од почетокот на месецот во деескалационата зона во Идлиб.
Во нападите на режимот и Русија од 17 септември 2018 година, кога беше потпишан Договорот меѓу Турција и Русија, досега загинаа повеќе од 1.300 цивили во деескалационата зона во Идлиб.
Од местата каде што нападите се интензивни, досега, во местата кои се релативно потивки, особено во близина на границата со Турција, мигрирале 1 милион 42 илјади лица.