Servet Günerigök
23 Септември 2019•Ажурирај: 24 Септември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вети дека ќе го открие низ светот вистинското лице на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган говореше на настанот организиран од Турско-американскиот национален управен комитет (TASC) и Претседателство на Турците во странство и сродните заедници (YTB) во Њујорк.
Турскиот претседател изјави дека ФЕТО го зaведувала турскиот народ 40 години, преку промовирањето на своите образовни институции, како и финансиски услуги, и дека изградила криминална мрежа којашто е оперативна во 150 земји низ светот.
„Најголема карактеристика на ФЕТО е тоа што нема света вредност, има принцип на злоупотреба. Кажувањето лаги, клевети и лицемерие се нивните карактеристики“, рече Ердоган.
„Заедно со вас, ние ќе ја откриеме во целиот свет оваа организација, којашто уби 251 лице ноќта на 15 јули. Сѐ додека не се изведат пред лицето на правдата сите заговорници на пучот, ние нема да престанеме да трагаме по нив“, рече претседателот Ердоган.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Ердоган изјави дека Турција ги презема потребните чекори за испорачување на Ѓулен и за запирање на сите операции во САД.
Подоцна, турскио претседател за новинарите изјави дека про-ФЕТО лицата во САД прават напори да им наштетат на односите меѓу Анкара и Вашингтон и да предизвикаат немири меѓу муслиманите.
Претходно, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, изјави дека култот на Ѓулен ги користи парите на американските даночни обврзници и затоа неговиот култ не е проблем само на Турција, туку и на Американците.
Ердоган нагласи дека Турција исто така ќе продолжи да го поддржува палестинското прашање, велејќи дека Палестина е црвената линија за Турција.
„Ниту една моќ, закана, може да нè спречи во заштитата на правото на Палестина“, изјави Ердоган.
„Прашањето за Ерусалим не е само прашање за мал број муслимани во Палестина, туку за достоинството на исламскиот свет од 1,7 милијарди“.
Тој, исто така, рече дека Турција продолжува да бара правда за убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги и за Мухамед Морси, првиот демократски избран премиер во Египет.
Морси почина од ненадеен срцев удар во јуни, додека беше на суд. Тој беше соборен во воен удар во 2013 година.
Кашоги беше американски жител и вработен во американскиот весник „Вашингтон пост“, кој беше убиен, а телото му беше исечено на парчиња од група саудиски оперативци веднаш по влегувањето во Конзулатот во Истанбул на 2 октомври.
Зборувајќи во врска со терористичките организации, турскиот претседател изјави дека покрај наштетувањето на муслиманите, групите Ал Каеда, Боко Харам, Ал Шабаб и ФЕТО им обезбедуваат на непријателите на исламот основа за злоупотреба.