Andelija Stojkovic
16 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
БЕЛГРАД (АА) - Српската полиција уапси 10 лица од Апатин и Сомбор, поради сомнение дека поседувале големо количество на оружје, кое полицијата го заплени, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено, ова е најголема количина на оружје, муниција и експлозив, запленета во последните 16 години.
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија се вели дека полицијата запленила девет килограми пластичен експлозив, 20,7 килограми експлозив ТНТ со голем број на електрични детонатори, 111 рачни бомби, 12 рачни противтекновни бомби и 10 парчиња тромблонски мини.
Полицијата заплени осум автоматски пушки, две полуавтоматски, пушки М-48, митралези, шест пиштоли, една карабина со оптички нишан, малокалибарска пушка, уред за ноќно следење, околу 6.000 куршуми и противтенковски мини.
Уапсени се С. К. (35), Г. Г. (40), Д. Д. (44), М. Б. (21), Д. Ѓ. (51), Н. К. (27), D. C. (28), М. О. (46), R. G. (27) и Б.М. (29).
Тие се осомничени дека по налог на С. К. оваа година купиле големо количество оружје, муниција и експлозиви, а дека С. К. го продавал тоа оружје.