16 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
ХЕМПТОН БЕЈС (АА) - На островот Лонг Ајленд во Њујорк, властите ја испитуваат причината за масовниот помор на риба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Десетици илјади мртви риби од утринава пловат по каналот Шинекок, кој се протега во должина од 4.700 метри и го поврзува градот со Хемптон Бејс, заливот Пиконик Беј и Атлантскиот Океан.
Како што пренесува телевизијата „Еј-би-си“, жителите се жалат на неподнослива смрдеа.
Портпаролот на Регионалниот оддел за заштита на животната средина, Бил Фонда, вели дека најверојатно станува збор за вообичаените причини за помор на риба, а не хемикалии или други загадувачи.
Според него, поморот на риби се случил кога голем број од нив се нашле во мал простор, без кислород, што довело до задушување.
Државниот одел за заштита на животната средина започна истрага, а земени се и примероци од водата.