Ahmet Gençtürk
27 Октомври 2025•Ажурирај: 28 Октомври 2025
АТИНА (АА) - Најмалку четворица мигранти загинаа во бродолом кај грчкиот остров Лезбос во северниот дел на Егејското Море, објави денес јавниот радиодифузен сервис ЕРТ, јавува Анадолу.
Во тек е потрага по евентуално исчезнати лица по спасувањето на седуммина мигранти во морската област југозападно од ’ртот Агрилија и пронаоѓањето на телата на четворица мигранти.
Преживеаните се Суданци, соопшти телевизијата, додавајќи дека не е познато колку луѓе имало на бродот.
Пребарувањето, поддржано од хеликоптер и копнени единици, е отежнато од силните ветрови што дуваат во областа.