Mesut Zeyrek
21 Мај 2022•Ажурирај: 23 Мај 2022
КЕЛН (АА) - Германија вчера ја зафати големо невреме во кое животот го загуби едно лице, а 40 се повредени, известува Агенција Анадолија (АА).
Во петокот торнадо мина низ градот Падерборн, во западниот дел на Германија.
Во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вествалија повредени се околу 40 лица.
Во Рајнска Област-Пфалц едно лице почина од последици предизвикани од струен удар во подрум на поплавена куќа.
Од полицијата потврдуваат дека е предизвикана голема материјална штета.
Од некои куќи се урнати крововите, а на некои се скршени прозорците.
Пријавено е дека на различни начини се повредени околу 40 лица, од кои некои потешко, поради неповолните временски услови.
Полицијата соопшти дека починатото лице е маж на 38-годишна возраст од Витгерт кој починал како последица од струен удар во подрумот на неговата куќа која е поплавена од поројните врнежи од дожд.