Davit Kachkachishvili
21 Мај 2022•Ажурирај: 22 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот Генералштаб соопшти дека од почетокот на војната во земјата се убиени околу 28.850 руски војници, известува Агенција Анадолија (АА).
Украинскиот Генералштаб објави извештај за загубите на руската Војска во периодот од 24 февруари до 21 мај.
Во извештајот се наведува дека досега животот го загубиле 28.850 руски војници, од кои 150 во последните 24 часа.
Уништени се 204 руски авиони, 169 хеликоптери, 1.278 тенкови, 3.116 оклопни возила, 596 топови, 201 ракетен фрлач и 93 системи за противвоздушна одбрана.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, во петокот изјави дека досега се уништени 172 авиони на украинската Војска, 125 хеликоптери, 952 беспилотни летала, 314 системи за противвоздушна одбрана, 3.168 тенкови и оклопни возила и 1.571 хаубица и минофрлач.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана од 25 март се наведува дека во Украина животот го загубиле 1.351 руски војник.
Канцеларијата на главниот обвинител на Украина објави дека во војната досега животот го загубиле 231 дете, а 430 се повредени.