Ekipa
19 Август 2020•Ажурирај: 20 Август 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес се закани со атентати врз палестинските лидери на отпорот во Појасот Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Хамас и [групите на] Исламски џихад мора да сфатат дека она што им се случи минатиот пат сега ќе се удвои и утрои, вклучувајќи го и таргетирањето“, изјави Нетанјаху, осврнувајќи се на убиството извршено од страна на Израел на висок командант на Исламски џихад минатиот ноември.
Нетанјаху го предупреди Хамас дека Израел секој запалив балон го смета за проектил.
„Ние го бомбардираме Хамас веќе 11 ноќи, и ќе направиме многу повеќе ако е потребно“, рече тој.
Израелската Армија ги интензивираше рациите врз Газа во текот на изминатата недела, паралелно со заострување на блокадата врз Газа, во чии рамки забрани влез на гориво за единствената електроцентрала во Газа.
Египетска делегација за безбедност престојуваше во Газа пред два дена во обид да го врати примирјето меѓу палестинските фракции и Израел.