Rabia İclal Turan
19 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
ОСЛО
Властите на Норвешка донесоа одлука за протерување на руски дипомат поради обвинување за шпионажа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на Норвешка соопшти дека денес за персона нон грата е прогласен службеник од руската амбасада.
Норвешката државна телевизија NRK претходно јави дека полицијата во понеделникот уапсила норвешки државјанин кој се обвинува дека на рускиот шпион му доставувал информации.
Од полицијата е потврдена веста за апсењето на осомничениот и продолжување на истрагата за проследување информции кои би можеле да ги загрозат норвешките национални интереси.