Adam Abu-bashal
14 Август 2023•Ажурирај: 15 Август 2023
АБУЏА (АА) - Во два одвоени напади на припадниците на терористичката организација Боко Харам во североисточна Нигерија загинаа 13 лица, пренесува Анадолу.
Терористичката организација во саботата изврши напад врз воена база во селото Вулари во државата Борно, при што загинаа тројца војници.
Доцна во саботата, исто така во Борно, припадниците на терористичката организација собрале 10 земјоделци додека работеле на полињата во селото Маива и ги убиле.
Десетици илјади луѓе ги загубија животите во нападите организирани од Боко Харам, која постои во Нигерија од почетокот на 2000-тите.
Организацијата од 2015 година извршува напади и во соседните Камерун, Чад и Нигер.