Zehra Ulucak
10 Март 2016•Ажурирај: 10 Март 2016
ЛАГОС (АА) - Во колапс на петкатница во најголемиот нигериски град Лагос, загинаа 34 а 13 лица се спасени од под урнатините, јавува Anadolu Agency (AA).
Како резултат на дводневната потрага, по колапсот на петкатница во вторинкот, досега се спасени 13 лица.
Како што изјави за АА гласноговорникот на Националната агенција за управување со кризи на Нигерија, Ибрахим Фаринлоје, од под урнатините се извлечени 34 тела.
Тој рече дека потрагата по преживеаните е завршена денес. Фаринлоје потсети дека објектот бил бесправно изграден, без дозвола за градба, а истрагата е во тек.
Ниските стандарди при градба често предизвикуваат колапс на објектите во Нигерија.