Adam Abu-bashal
03 Февруари 2023•Ажурирај: 04 Февруари 2023
АБУЏА (АА) - Судија е убиен во оружен напад за време на судски процес во нигериската федерална држава Имо, пренесува Анадолу.
Според вестите објавени во националните медиуми, вооружени лица со мотоцикли вчера дошле во судот во областа Огута и почнале да пукаат наоколу за време на судењето.
Вооружени лица го изнеле судијата надвор од судницата и го убиле.
Судските власти изјавија дека е започната истрага за инцидентот.
Во некои федерални држави во Нигерија е забрането користењето мотоцикл поради оружени напади на лица со мотоцикли во последно време.