Büşra Nur Bilgiç
04 Август 2019•Ажурирај: 05 Август 2019
ДЕЈТОН (АА) - Најмалку 10 лица загинаа во вооружен напад кој се случи во американската сојузна држава Охајо, јавија локалните медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нападот се случил во центарот на Дејтон, а според „Дејтон дејли њуз“ (Dayton Daily News), полицијата успеала да го сопре напаѓачот.
Полициските сили трагаат по вториот напаѓач за кого се верува дека го напуштил местото на настанот.
Насилството во Дејтон се случи неколку часа по масовниот вооружен напад во Тексас, во кој загинаа најмалку 20 лица, а над 25 се повредени.