Recep Şakar
27 Април 2019•Ажурирај: 29 Април 2019
МЕЛБУРН (AA) - По терористичките напади врз џамиите во новозеландскиот град Крајстчрч, во кои на 15 март, во текот на петочната молитва (џума-намаз) беа убиени најмалку 50 лица, откажани се колективните ифтари, планирани во текот на Рамазан, јавува Anadolu Agency (AA).
Мустафа Фарук, претседател на Федерацијата на исламски здруженија во Нов Зеланд, изјави дека во рамките на мерките во џамиите, а со цел безбедност на муслиманите, откажани се колективните ифтари.
Појасни дека покрај новите мерки, обезбедиле и додатни мерки од новозеландската полиција. Мустафа Фарук се заблагодари на полицијата за поддршката која ја даваат по терористичките напади.
Како што рече, од безбедносни причини, за овој Рамазан ќе се откажат некои активности, кои претходно ги организирале. Една од тие активности се и Отворените денови на џамиите, кои се пролонгирани за јуни.
Мустафа Фарук појасни дека поради безбедноста, одлучиле да не ги повикуваат луѓето во џамиите.
Во два одделни терористички напади во текот на петочната молитва, врз џамиите „Нур“ и „Линвуд“ во новозеландскиот град Крастчрч, на 15 март оваа година беа убиени најмалку 50 лица.