Ekip
27 Април 2019•Ажурирај: 29 Април 2019
ПЕКИНГ (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин изрази можност за состанок со новоизбраниот украински претседател Владимир Зеленски, што е знак дека Москва можеби сака да ги подобри односите кои се влошија по анексијата на Крим во 2014 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин денеска изјави дека доколку се состане со Владимир Зеленски, тие треба да разговараат за тоа како да се стави крај на украинскиот конфликт со руските сепаратисти во југоисточниот дел на земјата.
Рускиот претседател разговараше со претставниците на медиумите во Пекинг, каде што се одржува Форумот за кинеската инфраструктурна иницијатива „Појас и пат“.
„Доколку некогаш одржиме состанок и започнеме некои преговори, можност што не ја исклучувам, тогаш прво ќе мораме да разговараме за тоа како да ставиме крај на конфликтот во југоисточниот дел на Украина“, изјави Путин за новинарите.