Recep Şakar
23 Март 2019•Ажурирај: 24 Март 2019
МЕЛБУРН (АА) - Џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во градот Крајстчрч во Нов Зеланд, кои беа цел на терористичкиот напад во кој загинаа 50 лица, по завршувањето на безбедносната истрага се отворени за посета, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на Радио „Нов Зеланд“ (RNZ), безбедносните единици, откако ја завршија истрагата започната по терористичкиот напад извршен на 15 март, џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ ги предадоа на нивните управи.
Џамијата „Ал Нур“, во која загинаа 42 лица, веќе една недела беше под полициски кордон, а денес беше предадена на управата на џамијата и на група која се состои од муслимански лидери.
Заменик-началникот на полицијата во Нов Зеланд беше присутен на церемонијата на предавање на џамијата.
Исто така, по завршувањето на полициската истрага, џамијата „Линвуд“, која беше цел на терористички напад, беше предадена на управата на џамијата, каде што беше присутен и имамот на оваа џамија, Алаби Латиф Зирула. Alabi Lateef Zirullah.
Сѐ уште не се знае кога џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ ќе бидат отворени за извршување молитва, но се вели дека овие џамии се отворени за посета.
Во терористичкиот напад извршен во овие џамии, кој предизвика реакции низ светот, загинаа 50 лица, додека 50 лица беа повредени.