Ekipa
04 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Нова тропска бура, наречена Рамон, се оформи денес на јужниот мексикански брег од Тихиот Океан, јавува Anadolu Agency (AA).
Aмериканскиот Национален центар за урагани соопшти дека бурата Рамон во наредните денови ќе се движи долж брегот, носејќи со себе обилен дожд. Засега нема индикации дека бурата ќе премине во ураган.
Денес изутрина беше регистрирана брзина на ветерот од 75 километри на час, на околу 165 километри југоисточно од крајбрежниот град Пуерто Анхел.
Минатиот месец, по катастрофалниот земјотрес во којшто загинаа најмалку 360 лица, Мексико беше погодено од ураганот Катја и ураганот Макс, кои постепено ослабнаа и се претворија во тропска бура.