Zehra Ulucak
08 Август 2018•Ажурирај: 09 Август 2018
БОГОТА (AA) – Иван Дуке положи заклетва и свечено го презеде четиригодишниот мандат на функцијата претседател на Колумбија, јавува Anadolu Agency (AA).
На инаугурацијата на Дуке (42), кој е најмлад претседател на Колумбија во последните 70 години, присуствуваа претставници од 17 земји, меѓу кои беа десет претседатели.
Дуке на церемонијата изјави дека ќе заземе остар став кон криминалните групи, криумчари на наркотици и вооружени бунтовнички групи.
„Се собравме за да се бориме против нелегалните групи“, додаде Дуке.
Порача и дека ќе дојде до промени во мировниот договор постигнат со Револуционерните вооружени сили на Колумбија (FARC).
„Ќе внесеме одредени промени за да бидеме сигурни дека семејствата, по судирите во Колумбија во кои се убиени најмалку 260.000 луѓе, а исчезнаа 60.000 и се раселени милион луѓе, ќе ја добијат вистината, правдата и обештетување“, нагласи Дуке.
Иван Дуке победи во вториот круг на претседателските избори во Колумбија кој се одржа на 17 јуни.