Dildar Baykan
01 Ноември 2018•Ажурирај: 01 Ноември 2018
ЊУЈОРК (AA) - Норвешкиот дипломат Геир Педерсен е именуван за специјален пратеник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од ОН соопштија дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на оваа функција го постави Педерсен кој од 2017 година е на должноста амбасадор на Норвешка во Пекинг.
Гутереш по овој повод изрази благодарност на Стефан де Мистура, досегашниот специјален пратеник на ОН за Сирија, за напорите кои ги вложи со цел постигнување мир во Сирија, која е зафатена со војна.
Инаку, норвешкиот дипломат е четврти специјален пратеник на ОН за Сирија.
Педерсен претходно ја извршуваше и функцијата на постојан амбасадор на Норвешка во ОН, а беше и еден од раководителите и на мисијата на ОН во Либан.
Де Мистура, кој оваа функција ја извршуваше четири години, кон крајот на овој месец соопшти дека поради лични причини ќе поднесе оставка кон крајот на ноември.
Во 2014 година Де Мистура беше именуван за специјален пратеник на ОН за Сирија, наследувајќи го Лакард Брахими, поранешниот министер за надворешни работи на Алжир, а пред него на оваа позиција беше Кофи Анан, поранешниот генерален секретар на ОН.