Ecevit Cemiloğlu
26 Јануари 2022•Ажурирај: 27 Јануари 2022
ХАТАЈ (АА) - Обединетите нации (ОН) денеска испратија 70 камиони со хуманитарна помош во северозападна Сирија, област под контрола на опозицијата, на која многу ѝ е потребна помош по неколкугодишниот конфликт и почетокот на зимата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Камионите на патот кон Идлиб, Сирија, го поминаа граничниот премин „Џилвеѓозу“ во Хатај, во јужниот дел на Турција.
Помошта ќе биде доставена до жителите на Идлиб и неговата околина.
Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.
Според проценките на ОН, загинати се стотици илјади луѓе, а повеќе од 10 милиони се раселени.