Betül Yürük
29 Март 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
ЊУЈОРК (АА) - Обединетите нации (ОН) пред состанокот за Сирија во Брисел побараа 10 милијарди долари за 24 милиони Сиријци кои имаат потреба од помош, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во заедничкото соопштение на Канцеларијата за координација на хуманитарни работи на ОН, Високиот комесаријат за бегалци на ОН и Програмата за развој на ОН од меѓународната заедница се бара зголемување на помошта за Сиријците.
Се посочува дека Сиријците се соочуваат со зголемен глад и сиромаштија, и дека соседните земји згрижуваат четири од секои пет Сиријци.
Меѓу другото се наведува дека бројот на Сиријци на кои им е потребна помош во земјата и соседните земји оваа година се зголеми од 20 милиони на 24 милиони.
Во 2021 година, според заедничкото соопштение, потребни се 10 милијарди долари за задоволување на потребите на Сиријците, 4,2 милијарди долари во Сирија и 5,8 милијарди долари за бегалците во соседните земји.