БОГОТА (АА) - Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка. Повторно регистрирана висока бројка на починати во Бразил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 1.656 лица во Бразил, 194 во Мексико, 81 во Аргентина, 165 во Колумбија, 231 во Перу, 101 во Чиле, 59 во Еквадор, 60 во Парагвај и на 21 лице во Боливија.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.656 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 312.206.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 44.326, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 12.534.688.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот и според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 10.912.941 лице претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 194 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 1.783 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 201.623 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.226.550, а досега оздравеа 1.761.786 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според „Worldometers“, страница која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 81 лице од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 55.449. Во истиот период детектирани се 7.208 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.308.597.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.079.515 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 165 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 62.955.
Во последните 24 часа детектирани се 7.139 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.382.730. Во оваа земја досега оздравеа 2.267.760 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 231 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 5.266 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.529.882, од кои починаа 51.469 лица, а оздравеа над 1.442.405 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле -
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 101 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 22.754.
Во истиот период регистрирани се нови 7.326 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 977.243, а оздравеа вкупно 912.058 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор -
Според соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 59 смртни случаи, вкупно 16.738 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.783 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 324.482.
Досега во Еквадор оздравеа 281.684 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија -
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 21 смртен случај предизвикани од заразеност со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 326.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 269.628, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 12.186. Досега оздравеа 218.503 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај -
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 60 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19, а детектирани се 2.058 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 208.655, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 4.063.
Досега оздравеа 170.802 лица позитивни на коронавирусот.
news_share_descriptionsubscription_contact
