Fuat Kabakcı
08 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
АНКАРА
Бројот на оздравени лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 47 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според последните информации на интернет страницата „Worldometer“, од почетокот на епидемијата на коронавирусот во светот оздравеа 47.025.645 лица.
Првите четири земји во светот, во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19, во истовреме се и четирите земји каде што се регистрирани и најмногу оздравени лица.
Од Ковид-19 во Индија оздравеа 9.178.946 лица, во САД 8.983.641 лице, во Бразил 5.801.067 и во Русија 1.956.588 лица.
По овие четири земји следуваат Аргентина со 1.300.696 оздравени и Колумбија со 1.267.595 оздравени лица.
Во Турција заклучно со 8 декември регистрирани се 436.270 оздравени лица.
Во светот 19.364.907 лица се наоѓаат во процес на лекување.
Инаку, во светот се откриени над 67.940.855 милиони случаи на Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 1.550.303 лица.