Dmitri Chirciu
23 Март 2022•Ажурирај: 23 Март 2022
КИЕВ (АА) - Ирина Верешчук, вицепремиерката на Украина, соопшти дека од Мариупол се евакуирани над 7.000 жители, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Верешчук објави видео на социјалните мрежи, споделувајќи информации за процесот на евакуација на цивилите од местата зафатени со судири во Украина.
Вицепремиерката, наведувајќи дека ги водат коридорите за хуманитарна помош за евакуација на жителите на Мариупол, рече „Од градот Бердјанск се евакуирани 1.100 жители на Мариупол. Дополнително, 5.926 луѓе преку коридорите за хуманитарна помош од градот Мариупол со своите возила стигнале до градот Запорожје.“
Нагласувајќи дека евакуацијата во некои села од околината на Мариупол била спречена од страна на Руските воени сили, Верешчук рече дека доставиле медицински и прехранбени материјали до Бердјанск и дека евакуацијата таму ќе ја продолжат наредниот ден.