Ruslan Rehimov
23 Март 2022•Ажурирај: 23 Март 2022
КИЕВ (АА) - Во нападите кои руската војска ги изврши во Украина загинаа 121 дете, додека 167 деца се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Главното обвинителство на Украина.
Во соопштението се наведува дека како резултат на бомбардирањата на руската војска се оштетени 548 образовни установи, од кои 72 се целосно уништени.
Се додава дека од 24 февруари, кога започнаа руските напади, досега, според првичните сознанија, загинале 121 дете, додека 167 деца се повредени.