Hasan Esen,Tayfun Salcı
24 Септември 2019•Ажурирај: 24 Септември 2019
ЛОНДОН (АА) - Уставниот суд на Велика Британија едногласно ја прогласи за незаконска одлуката на премиерот Борис Џонсон за суспензија на Парламентот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Уставниот суд е донесена конечна одлука за процесот кој започна минатата недела.
Се истакнува дека одлуката е донесена едногласно од 11-те члена. По ваквата пресуда, потенцирана е правната страна за одложување на одлуката.
Во одлуката се вели „Ова не е едно нормално одложување. Парламентот е спречен да ја спроведува својата улога“, и се истакнува правото на Парламентот да го искаже своето мислење за значајните теми за државата, како што е Брегзит.
Наведувајќи дека одлуката за одложување би ги спречила парламентарците да не одржуваат седница пет недели, се истакнува дека во минатото Парламентот во Британија бил на одмор при вонредни ситуации.
Во одлуката се вели „Незаконска е одлуката за суспензија на Парламентот како законодавно тело во случаи кога без никаква легитимна причина е спречено извршувањето на неговата должност дадена со Уставот. Пред Судот не е презентирана оправдана причина поради која е потребно Парламентот да одмора пет недели. Принудени сме да заклучиме дека одлуката е незаконска.“
Игнорирано е образложението што Џонсон ѝ го презентирал на кралицата Елизабета II во врска со причината за давањето одмор за Парламентот.
По пресудата, потребно е Парламентот повторно да се собере.
Од друга страна, пред Судот се организирани протести и од страна на поддржувачите на Брегзит и од неговите противници. Оние што се против Брегзит се со барање парламентарците што поскоро повторно да се соберат.
- Процес
Одлуката за одредување одмор за британскиот Парламент во периодот од 9 септември до 14 октомври е дадена пред Судот во Единбург, главниот град на Шкотска и пред Врховниот суд во Лондон. И двата суда донесоа одлука дека доделениот одмор за парламентарците има политички димензии и не е во доменот на нивната јурисдикција.
Но на одлуката во Единбург беше поднесена жалба, по што на рочиштето по жалбата е донесена одлука дека намерата на Владата за одмор на Парламентот не се совпаѓа со она што ѝ било образложено на кралицата Елизабета II. По одлуката донесена по поднесената жалба, случајот е пренесен пред повисокиот суд кој има улога на Уставен суд. На процесот кој започна на 17 септември и траеше три дена, донесена е одлука со која претходните два судски процеси ќе бидат соединети во еден, при што се истакнува дека судската одлука ќе биде донесена неделава.
Премиерот Борис Џонсон до кралицата Елизабета II поднесе барање британскиот Парламент да биде на одмор со цел да може да ја подготви својата програма, по што со одобрение на Кралицата, прогласен е одмор на Парламентот во период од 9 септември до 14 октомври.
Но опозициските партии одлуката на Џонсон да го остави Парламентот надвор од функција во периодот на Брегзит го окарактеризираа како „уставен пуч“ и целиот случај го дадоа на суд.
Парламентот, пред суспендирањето, донесе закон со кој се спречува Џонсон без договор на 31 октомври да ја оддели Британија од ЕУ. Џонсон имаше дадено сигнали дека можеби нема да го почитува овој закон.