Ekipa
26 Август 2018•Ажурирај: 27 Август 2018
ЏЕДА (АА) - Организацијата за исламска соработка (ОИС) го осуди одобрувањето на Израел за изградба на нови станбени единици во Источен Ерусалим (Кудс) и на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
„Одобрувањето на Израел за изградба на населбите со кое се опфатени илјадници станбени единици е нелегитимно и е јасно кршење на меѓународното право“, се наведува во соопштението.
До Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) и другите меѓународни институции е упатен повик да се исполнат сите обврски и да го спречат Израел во изградба на населбите.
Израел неодамна донесе одлука за проширување на еврејските населби на Западниот Брег и изградба на нови станбени објекти на неколку локации во Ерусалим, вклучувајќи го и Источен Ерусалим (Кудс).
На Западниот Брег, кој од 1967 година се наоѓа под израелска окупација, се изградени 131 еврејска населба, во Источен Ерусалим десет и на височините на Западниот Брег 116 населби.
Во еврејските населби на Западниот Брег се наоѓаат околу 500.000 доселеници, а во Источен Ерусалим 220.000. Одредени извори тврдат дека Израел има намера за кратко време да го зголеми бројот на доселеници на Западниот Брег на милион.