Zeynep Katre Oran
17 Јануари 2024•Ажурирај: 18 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Изминатата година околу 190 луѓе избегале од Северна во Јужна Кореја, Анадолу.
Според Јонхап, во гостување во телевизиска програма, заменик-министерот на јужнокорејското Министерство за обединување, Мун Сеунг-хјун, говорел за бројката на луѓе кои избегале од Северна Кореја кон југ минатата година.
Зборувајќи дека е зголемен бројот на баратели на азил од страна на севернокорејските дипломати и официјални лица во Јужна Кореја, Мун рече дека бројката на севернокорејски бегалци што дошле во Јужна Кореја во 2023 година е зголемена за речиси 3 пати во однос на претходната година и изнесува околу 190.
Забележителен е падот на бројката на луѓе кои успеваат да избегаат поради строгите гранични мерки што Северна Кореја ги презеде во текот на пандемијата на Ковид-19.
Изминатите години бројката на бегалци во Јужна Кореја изнесуваше околу 3.000, по што падна на 1.167 во 2019 година, а во 2022 година се регистрирани 59 бегалци од Северна Кореја.