Onur Usta
13 Април 2017•Ажурирај: 13 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, изјави дека Русија на себе презела голема одговорност со тоа што вложи вето на усвојувањето на предлог-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН во врска со нападот со хемиско оружје на сирискиот град Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
„За да ги заштити сојузниците на Асад, Русија беше против предлог-резолуцијата за повеќестрана истрага во врска со Сирија, и со тоа на себе презеде голема одговорност“, се вели во пишаната изјава на претседателод Оланд.
Тој потсети дека Русија осми пат го искористила правото на вето, и порача дека неговата земја се залага за постигнување договор од сите страни, вклучувајќи ја и Русија.
„Мирот и безбедноста во Сирија ќе бидат постигнати само со заеднички чекори на меѓународната заедница за пронаоѓање политичко решение. Франција исто така ќе се движи во таа насока“, вели Оланд.
Русија вчера вложи вето на усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која ја предложија Соединетите Американски Држави (САД), Велика Британија и Франција во врска со неодамнешниот напад со хемиско оружје во областа на Хан Шејхун, недалеку од сирискиот град Идлиб. САД, Велика Британија и Франција со оваа предлог-резолуција го осудија нападот и бараа да се спроведе истрага во врска со нападот со хемиско оружје на 4 април, во областа на Хан Шајхун.
На гласањето на СБОН против усвојувањето на резолуцијата се изјасни и Боливија, привремена членка во Советот за безбедност. Десет земји ја поддржаа резолуцијата, додека Кина, Етиопија и Казахстан беа воздржани.
Да потсетиме, во страотниот напад со хемиско оружје извршен во вторникот, на 4 април во Хан Шејхун, близу сирискиот град Идлиб, животот го загубија 100 лица, воглавно деца и жени, а околу 500 беа затруени од дејството на отровниот гас.