Bayram Altuğ
20 Април 2022•Ажурирај: 21 Април 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека од почетокот на војната која Русија ја започна против Украина, над 5 милиони лица преминаа од Украина во соседните земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на УНХЦР се споделени податоци во врска со мигрантската криза во Украина.
Според тоа, од 24 февруари до 19 април, 5.034.439 лица од Украина преминаа во соседните земји, од кои повеќе од половина преминаа во Полска - 2.825.463 лица.
По Полска следуваат Романија (757.047), Русија (549.805), Унгарија (471.080), Молдавија (426.964), Словачка (342.813) и Белорусија (23.759).
Од 18 до 23 февруари, од Доњецк и Луганск во Русија преминаа 105.000 лица.
Се знае дека стотици илјади мигранти кои од Украина преминуваат во соседните земји, потоа мигрираат во други европски земји.
Меѓународната организација за миграции на ОН претходно соопшти дека во внатрешноста на Украина се раселени 7,1 милион цивили.