Ömer Faruk Yıldız
10 Мај 2022•Ажурирај: 11 Мај 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека во Украина, каде што продолжува војната со Русија, се уништени бројни училишта, болници и светилишта, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шефицата на Мисијата на ОН за човекови права, Матилда Богнер, на прес-конференцијата во Канцеларијата на ОН во Женева ги сподели своите искуства од посетата на Украина.
Богнер нагласи дека во рамки на минатонеделната посета посетила 14 градови.
Таа рече дека живеалиштата во овие места се претворени во руина по окупацијата на руските сили, и дека цивилите се наоѓаат во тешка состојба.
„Бројни цивили ни пренесоа дека членови на нивните семејства и роднини се убиени, приведени или се исчезнати. Петчлено семејство во Макарив беше погодено при напуштање на градот. Две лица од семејството останаа живи“, истакна таа.
Богнер рече дека во бројни градови што се нападнати од страна на Русија, цивилите се соочуваат со потешкотии со наоѓање вода и храна, и дека отежнати се и здравствените услуги поради оштетување на инфраструктурата во регионот.
Таа нагласи дека според податоците на ОН, од 24 февруари, кога започна војната, 3.381 цивил загинале како резултат на руските напади, и дека 3.680 лица биле повредени.
Богнер истакна дека оштетени биле населените места во сите подрачја што ги посетила, и дека покрај тоа, уништени биле бројни училишта, болници и светилишта.
Според неа, најмалку 50 светилишта на муслиманите, христијаните и Евреите низ Украина се во неупотреблива состојба.