Bahattin Gönültaş
10 Мај 2022•Ажурирај: 11 Мај 2022
БЕРЛИН (АА) - Годишната инфлација во Грција се искачи над 10 отсто за прв пат од 1995 година, откако поради руско-украинската војна се зголемија трошоците за енергија и храна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Грчкиот статистички институт (ELSTAT) ги објави годишните податоци за индексот на трошоците на живот (CPI) за април.
Според нив, годишниот Индекс на потрошувачки цени во Грција, што во март изнесуваше 8,9 отсто, во април се искачи на 10,2 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво од февруари 1995 година.
Со тоа инфлацијата во земјата за прв пат по 27 години достигна двоцифрена бројка.
Индексот на потрошувачки цени во Грција усогласен со ЕУ на годишна основа во април од 8 отсто се зголеми на 9,1 отсто.
Цените на природниот гас пораснаа за 122,6 отсто на годишно ниво, годишниот пораст на струјата е 88,8 отсто, на храната и безалкохолните пијалаци за 10,9 отсто, додека на станбените трошоци за 35,2 отсто.