Fatih Erel
27 Март 2018•Ажурирај: 28 Март 2018
ЖЕНЕВА (АА) - Фондот за помош на децата при Обединетите нации (УНИЦЕФ) објави Извештај во кој се предупредува дека околу 2 милиона деца во Јемен не следат настава на училиште, јавува Anadolu Agency (AA).
„Речиси половина милион деца ги напуштија училиштата по ескалирањето на конфликтот во Јемен во 2015 година, и со тоа вкупниот број деца кои не одат на училиште изнесува два милиона“, се вели во Извештајот на УНИЦЕФ.
„Речиси три четвртини од наставниците во јавните училишта не се исплатени за период од повеќе од една година, и со тоа образованието на додатни 4,5 милиони деца е на сериозен ризик“, предупредува УНИЦЕФ.
Според УНИЦЕФ, повеќе од 2.500 училишта се надвор од употреба, две третини се уништени во нападите, 27 отсто се затворени и 7 отсто се користат за воени цели или за засолништа за раселените лица.
„Најмалку 2.419 деца од март 2015 година се регрутирани во борбите во Јемен“, се соопштува од УНИЦЕФ.
Покрај тоа, речиси половина од јеменските девојки стапуваат во брак пред да наполнат 15 години.
„Речиси три чевртини од девојките стапуваат во брак пред да наполнат 18 години, додека речиси половина се венчаваат пред својата 15-та година“, се вели од УНИЦЕФ.
На 3 април ОН ќе свика Конференција на високо ниво за хуманитарната криза во Јемен.
ОН започнаа меѓународна акција за 2,96 милијарди долари оваа година. Во моментов, финансирани се 10 отсто.