Mehmet Nuri Uçar
14 Декември 2015•Ажурирај: 14 Декември 2015
ТАИЗ (АА) - Припадниците на бунтовничкото шиитско движење Хуси, во крајбрежниот југозападен град на Јемен Дубаба го убија командантот на единиците на вооружените сили на Саудиска Арабија, Абдула ес-Сехјан, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван функционер на јеменската влада за АА кажа дека милитантното движење Хуси изведоа ракетен напад на базата во Дубаба во кој се сместени специјалните саудиски сили кои учествуваат во операциите во Јемен.
Во нападите загинаа најмалку четворица војници на Саудиска Арабија, меѓу кои и командантот ес-Сехјан.
Официјалните институции на Саудиска Арабија досега не го коментираа случајот.
Јемен е средиште на повеќемесечна политичка и безбедносна криза која ескалираше во септември минатата година, кога шиитските бунтовници го зазедоа главниот град Сана. Во март оваа година коалицијата предводена од Саудиска Арабија, започна воздушни напади на позициите на бунтовничкото движење Хуси и милитантните групи приврзаници на поранешниот јеменски претседател Алију Абдулаху Салих. Судирите во Јемен не прекинуваат, а се водат и долж пограничниот појас помеѓу Јемен и Саудиска Арабија.