Oğuz Pakin
10 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
ХАТАЈ (АА) - Обединетите нации (ОН) испратија 26 камиони хуманитарна помош за жителите на сирискиот град Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Хуманитарниот конвој којшто го сочинуваат 26 камиони го премина граничниот премин Џилвеѓозу, на подрачјето Рејханли во Хатај.
Во камионите се наоѓа помош која е им потребна на жителите на Идлиб и од околните населени места. Идлиб е оддалечен околу пет километри од пограничното подрачје Рејханли во турската област Хатај.
Граѓанската војна во Сирија започна во март 2011 година, кога силите на режимот на Асад се обидоа со сила да ги задушат масовните продемократски протести во земјата. Војната во форма режимските сили на една, а опозициските на друга траеше кратко. Сирискиот огранок на терористичката организација ПКК (PYD/YPG) ја искористи воената состојба за да презеде контрола на североисточниот дел на земјата.
Ограноците на Aл-Кадини се бореа против сите за да го оживеат тоа терористичко движење, а во 2014 година како нов субјект во војната се јавува терористичката организација ДЕАШ.
Од почетокот на војната траат и борбите меѓу опозициските групи, чија единствена заедничка одлука е да се борат против режмот, а меѓусебно се разликуваат по сите други параметри. Новите судири меѓу опозициските групи дополнително ја комплицираат сликата на состојбата на теренот, но и ги отежнуваат процесите на воспоставување мир во земјата.