Furkan Naci Top
10 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
АТИНА (АА) - Стапката на невработеност во Грција во месец мај изнесуваше 21,7 отсто, што означува намалување на годишна и на месечна основа, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Заводот за статистика на Грција (ЕЛСТАТ) за невработеноста, десезонираната стапна на невработеност за мај падна на 21,7 отсто, а бројот на невработените е намален на еден милион и 35 илјади лица.
Меѓу другото, во април е извршена ревизија на стапката на невработеност на 21,8 отсто.
Највисоката стапка на невработеност во земјата на годишно ниво, независно од значителниот пад, забележана е кај младите меѓу 15 и 24-годишна возраст, со 44,4 отсто.
Грција се наоѓа на првото место меѓу земјите од еврозоната според стапката на невработеност, иако е забележан пад од околу 2 отсто од минатата година.
Најголема невработеност во земјата е забележана во 2013 година, со 27,9 отсто.