Bayram Altuğ
09 Март 2022•Ажурирај: 10 Март 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Агенцијата за бегалци на ОН денеска соопшти дека повеќе од 2,15 милиони луѓе ја напуштиле Украина откако започна војната на 24 февруари.
Во соопштението УНХЦР вели дека повеќе од 1,29 милиони Украинци избегале во Полска, 203.000 во Унгарија, 153.000 во Словачка, 85.000 во Романија, 99.000 во Русија, 82.000 во Молдавија, 592 во Белорусија и 183.000 во други европски земји.
Во соопштението, исто така се истакнува дека околу 96.000 луѓе од сепаратистичките региони Доњецк и Луганск се преселиле во Русија помеѓу 18 и 23 февруари, во деновите пред да започне војната.
Војната на Русија против Украина, која започна на 24 февруари, наиде на меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции кон Москва и предизвика истапување на меѓународни фирми од Русија.
Најмалку 474 цивили загинаа, а 861 се повредени во Украина од почетокот на војната, според ОН, кои забележаа дека условите на теренот ја отежнуваат проверката на вистинската бројка.