Michael Gabriel Hernandez
30 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
ВАШИНГТОН
Советот за безбедност на ОН го поддржа претходниот апел на генералниот секретар, Антонио Гутереш, за ставање крај на судирите во Нагорно Карабах, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Членовите на Советот изразија загриженост во врска со извештаите за големите воени активности по должината на линијата на разграничување во Нагорно Карабах“, се вели во соопштението.
„Советот строго ја осудува употребата на сила и жали за загубата на животи, што вклучува и повеќе цивили. Членовите на Советот за безбедност изразуваат целосна поддршка за челниците на Групата Минск на ОБСЕ и ги повикуваме сите страни да соработуваат со цел воспоставување итен и безусловен дијалог“, се вели во соопштението на ООН.
Пограничните судири избија откако ерменските сили извршија напади врз азербејџанските цивилни населби и воените позиции во регионот, познат како Нагорно Карабах.
Односите меѓу двете поранешни советски нации се тензични од 1991 година, кога ерменската Војска го окупираше Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации бараат повлекување на окупациските сили.
Групата Минск на ОБСЕ, со која копретседаваат Франција, Русија и САД, беше формирана во 1992 година, со цел изнаоѓање решение за конфликтот, но досега без резултат. Издејствувано е примирје во 1994 година.
Франција, Русија и НАТО, меѓу останатите, апелираат на итен прекин на судирите во окупираниот регион.