Bayram Altuğ
11 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Кипар, Еспен Барт Еиде, денес соопшти дека утрешниот самит за кипарското прашање во Женева ќе биде одржан на ниво на министри за надворешни работи, не на претседателско ниво, јавува Anadolu Agency (AA).
На утрешниот самит за решавање на кипарското прашање во Женева, покрај претставниците на кипарските страни, ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на земјите гаранти за безбедност на Кипар, Турција, Грција и Велика Британија.
Еспен Барт Еиде изјави дека за време на денешните преговори, страните ќе излезат со предлози за мапи, односно за административна распределба на територијата.