Mahmoud Barakat
11 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
БАГДАД (АА) - Според високи воени извори, ирачките сили неутрализираа голем број терористи на ДЕАШ и зафатија неколку стратешки области во Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
„Источната населба Aл-Сукар во Мосул беше ослободена, заедно со делови на северното подрачје 7 Нисан и јужното подрачје Ал-Дубат“, изјави генералниот полковник Абдул-Амир Јарулах, армиски командант.
Тој нагласи дека 193 милитанти на ДЕАШ се неутрализирани во борбата.
Бригадниот генерал на армијата, Јахја Расул, портпарол на тековната кампања на армијата во Мосул изјави дека безбедносните сили бележат значителен напредок во источните населби на градот.
„Безбедносните сили ги продолжуваат операциите со цел целосно да биде ослободен источниот брег на Тигар" изјави Расул.
Тој додаде дека воените авиони и понатаму ги напаѓаат позициите на ДЕАШ на западниот брег на реката.
ДЕАШ го зазеде Мосул во средината на 2014 година.
Неодамнешните напори за заземање на градот беа соочени со жесток отпор. Во декември, премиерот Хајдар ал Абади изјави дека се потребни најмалку уште три месеци за да се искорени ДЕАШ од Ирак.
Откако кампањата за заземање на градот започна во октомври, ирачките сили наводно заземале повеќе од четвртина од Мосул, кој некогаш се сметаше за втор најголем град во Ирак во однос на популацијата.
Рaaд aл-Дахлаки, кој го води парламентарниот комитет за бегалци, минатата недела изјави дека околу 145.000 жители, цивили, го напуштиле градот од почетокот на кампањата.