Ekipa
13 Септември 2016•Ажурирај: 14 Септември 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Од канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарната помош (OCHA) се вели дека мораат да бидат убедени дека нивниот персонал и партнерите нема да бидат во смртна опасност, пред да ги упатат конвоите за помош во Сирија во согласност со новото примирје, јавува Anadolu Agency (AA).
Јенс Лаерке, портпаролот на OCHA, изјави дека тимовите за доставување на хуманитарната помош се подготвени да тргнат во подрачјата како проблематичниот северен сириски град Алепо. Меѓутоа, тој додаде дека на агенцијата ѝ треба „повторно воспоставување мир пред да влезат таму“.
Лаерке денес нагласи дека не му е познато кој ќе даде конечна процена на состојбата, дали условите се доволно безбедни за да се испорача помошта.
Тој додаде дека не е објавена ниту една испорака на помош откако вчера, со заоѓањето на сонцето стапи на сила најновото примирје договорено со посредување на САД и Русија. Се очекува дека овој договор повторно ќе отвори можност за доставување конвој со помош под покровителство на ОН“.